Исхраната на Јапонецот Хитоши Ватанабе, кој студира
превентивна медицина и неговата сопруга Сумико, фармацевт, последниве денови
стана вистински хит на социјалните мрежи.
Наместо строги правила и разновидна храна на менито, основата на оваа диета е секогаш истиот појадок свежи банани и обична вода на собна температура, а до крајот на денот можете да јадете што сакате, освен млечни производи и алкохол.
Иако многумина оправдано се сомневаат во ефикасноста на оваа диета, Ватанабе тврди дека оваа диета добро „функционира“ бидејќи бананите го забрзуваат варењето и го забрзуваат метаболизмот.
Ова овошје содржи скроб кој има понизок гликемиски индекс, долго се вари, дава чувство на ситост и делумно ја блокира апсорпцијата на јаглехидратите. Тоа значи, како што објаснија авторите, дека после таков појадок нема да чувствувате глад долго време и нема ризик од прејадување.
Што се однесува до млаката вода, според нивната „диетална“ теорија, водата на собна температура го подобрува варењето и го намалува чувството на глад.
На здравите луѓе кои сакаат да пробаат диета со банана им се советува последниот оброк да го имаат пред осум часот навечер и да избегнуваат слатки после вечерата.
Колку ќе бидете на диета одлучувате во зависност од резултатите.
Фото: unplash/freepik