Секое утро го прашувала какво кафе пие: 10 најбизарни причини поради кои луѓето се разведувале
Причините за развод на брак можат да бидат и ситници како дневни навики кои ве нервираат кај брачниот партнер, но и големи проблеми, како што е сознанието дека партнерот има дете за кое не сте знаеле.
Тимот на „BuzzFeed“ ги прашал адвокатите за бракоразводни постапки да ги споделат најбизарните причини поради кои двојките се разведувале. Во коментирањето се вклучиле и читателите кои знаеле за некои случаи со повеќе од необични причини за развод. Некои од нив би можеле да ве остават без зборови.
1. „Се разведе од жена му, бидејќи секое утро го прашувала какво кафе пие и така седум години.“
2. „Познавам двојка која се разведе откако жената го пронајде својот сопруг како му го трие изметот на нивното бебе по цело тело.“
3. „Еден клиент ја остави сопругата, затоа што ја запросил еден од оние турски принцови од интернетските измами. Таа паднала на оа, сакала да му даде огромна сума на пари, да се пресели во Турција и да се омажи за него.“
4. „Една од моите колешки од работа се разведе седум паи. Една го остави сопругот, бидејќи бил презгоден, па поради тоа не можела да му верува дека ќе остане верен. Од другиот се разведе бидејќи ѝ донел погрешен вид на хот-дог, а не онаа по која го испратила.“
5. „Сакаше да се разведе од сопругата, бидејќи таа постојано оставала дамки од измет во wc школката.“
6. „Сестрата на мојата пријателка е вегетеријанка. Еднаш сопругот ѝ вметнал месо и риба наместо вегетаријанските замени за таа храна. Кога дознала, се развела од него.“
7. „Пријателката го остави сопругот, бидејќи во неговиот мобилен телефон пронашла пораки во кои ги навредува нејзините кучиња во развогор со своите пријатели.“
8. „Мајка ми ми кажа дека капката која ја прелила чашата во нејзиниот брак со мојот татко било кога дознала дека тој троши 100 евра недела во Старбакс“.
9. „Мажот сакал развод, бидејќи сопругата и понатаму по одењето во тоалет му го бришеле задникот на нивниот здрав син тинејџер.“
10. „Го оставила сопругот откако дознала дека има дете за кое никогаш не ѝ кажал.“