Секое утро се шминкала не знаејќи дека разубавувањето ќе ја однесе во смрт: Ниту еден доктор не знаеше што се случува - одговорот е морничав, а го знаеше само нејзиниот сопруг

Добивај вести на Viber

Секое утро, како дел од нејзиниот утрински ритуал, Џенет Овертон се шминкала на ист начин уште од тинејџерските години. Она што не го знаела е монструозниот план на нејзиниот сопруг со кој нејзиниот молив за очи кој го користела секој ден полека ја убивал.

Џенет со месеци се чувствувала постојано дехидрирана и чувстувала мачнина. Сè потешко и било да се движи, па се префрлила на патерици. На нејзината кожа се отвориле рани кои биле неподносливо болни. Докторите немаа поим што се случува со неа.

Единствената личност која имала одговор на прашањето што ја мачи Џенет бил нејзиниот сопруг Ричард, бидејќи смислил монструозен план да ја убие својата сопруга со помош на нејзиниот сакан молив за очи. Популарното шоу „True Crime Conversations“ го обработи и овој случај, а еве што всушност се случило:

Џенет и Ричард биле во брак речиси две децении. Ричард, по професија бил математичар кој зборувал неколку странски јазици и докторирал по психологија, работел како универзитетски професор. Џенет, била помлада од Ричард и не толку високообразована, работела како учителка во државно училиште во округот Оринџ, Калифорнија. Била исклучително сакана, ценета и почитувана низ градот.

Расел Буркет, пријател на двојката, изјавил за Лос Анџелес Тајмс дека „Ричард мрази што неговата сопруга е толку популарна“.

- Секогаш ја гледаше со презир и мислеше дека е многу попаметен од неа. Беше зачуден што таа дури се вработи како учителка, а уште повеќе беше изненаден и лут што сите ја сакаа и бараа совет од неа – изјавил Расел.

Нивниот брак беше на несигурни терени некое време и Џен набрзо се впуштила во афера со оженет колега. Бидејќи местото било мало, гласините брзо се прошириле.

– Некој дури оставил пораки за тоа на сите автомобили во околината – изјави јавната обвинителка Дебра Џексон.

Подоцна е откриено дека Ричард ги оставил пораките.

Ричард и Џенет го имале синот Ерик, кој бил тинејџер во времето на трагедијата. Џенет го обожавала и секој момент го поминувала со него. Тој отишол во училиштето во кое таа работела, па се договорила таа година кога и нејзиниот син завршувал гимназија, да им дели дипломи на матурантите.

- Најмногу сакаше да биде таа што ќе му подари диплома на синот, но тоа не и се оставрило - изјави нејзината поранешна колешка Линда Кронер.

Кон крајот на јануари 1988 година, Џенет и Ерик отидоа на екскурзија за гледање китови. Во тоа време, Ричард веќе некое време додавал селен на нејзиниот молив за очи. Кога сфатил дека резултатите не се толку брзи како што сакал, решил да се обиде да додаде цијанид во нејзиното утринско кафе. Поради тој додаток, Џенет се онесвестила на паркингот пред таа и Ерик да заминат на екскурзија. Ричард и Ерик повикале брза помош, но таа не можела да се спаси, починала.

Лекарот направил обдукција, но не направил тест за цијанид или селен. Така, нејзината смрт е заведена како природна смрт, а се чекало понатамошна истрага. Нејзиното тело било кремирано, но примероците останале во канцеларијата на судскиот совет.

Се чинело деко Ричард извршил совршеното злосторство и продолжил со својот живот, а потоа во јули 1988 година извесна Дороти Бојер повикала полиција. Дороти била првата сопруга на Ричард со кој имала еден син. Таа пријавила во полиција дека Ричард со години се обидувал да ја отруе додека биле во брак.

Дороти му рекла на Ричард дека сака развод откако дознала дека Ричард тајно води втор живот со друга жена и дете со неа. Ричард влегол во куќата на Дороти и истурил селен во нејзиниот шампон, млеко и кофа. Дороти ги имала истите симптоми како Џенет. Таа го пријавила и Ричард тогаш признал дека и вбризгал отров на жената, но со ветување дека ќе оди на психолошко советување, тој бил ослободен од сите обвиненија.

Откако го кажала сето тоа на полицијата, Дороти го посетила Ричард со една од нејзините ќерки и во таа прилика погледнала неколку плакари и фиоки. Заедно со уште неколку сомнителни предмети, го нашла и моливот за очи на Џенет полн со селен.

Подоцна полицијата ги пронашла дневниците на Ричард, кои тој опсесивно ги чувал, во кои пишувал за неговите сомневања дека неговата сопруга го изневерува со 17 потенцијални мажи. Таму го запишал и својот план за труење.

Била направена втора обдукција со помош на преостанатите примероци. Се испоставило дека таа починала од акутно труење со цијанид, а нејзиното тело има огромни нивоа на селен.

Цел град остана запрепастен - угледен научник отру жена. Тој беше обвинет за убиство дури во октомври 1991 година, а во тоа време веќе беше во четвртиот брак. Тој пред судот тврдеше дека е невин. Потоа бил хоспитализиран поради депресија, но на второто судење, одржано во 1995 година, бил прогласен за виновен и бил осуден на доживотен затвор.

- Тешко ми е да поверувам дека постои такво зло. Изгледа како постар интелектуалец, како нечиј добар дедо. Всушност, тој е арогантен и соучесник лажго и манипулатор – изјавил подоцна судијата Мајкл Лајман.

Ричард почина во затвор во 2009 година. Имаше 81 година, а неговата четврта сопруга Керол Таунсенд сè уште верува дека е невин.

- Тој беше неверојатен, брилијантен човек. Не ја убил сопругата. Таа почина од природна смрт, изјави таа за регистарот на округот Оринџ.

Фото: Принтскрин/Јутјуб
Извор: Zena.blic.rs