Секогаш ви го чува грбот: Зошто е убаво да имате постара сестра

Постарата сестра е дар од небото, иако понекогаш знае да биде и вистински проблем. Со неа сигурно доживеавте момент кој ви го зацврсти карактерот: на пример, кога ќе ве откачи за да биде со пријателите, или кога намерно нема да ве најде додека си играте криенка

Со неа можете навистина да разговарате. Понекогаш е тешко да се зборува во мама и тато, а помладите и другарите нема да ве сфатат. Затоа се тука постарите сестри.

Ги научила вашите родители на многу нешта. Тие со неа направиле крупни грешки, па ја извлекле поуката, па со вас знаат како треба. Тоа е баш убавко, нели?

Можете да викате понекогаш на неа. Тоа не може да го правите на своите пријатели, можеби тие нема да ви бидат пријатели уште долго. Но, сестрата ќе ви прости и ќе ве сака, па дури и ако и викате без причина.

Со задоволство ве носи секаде. А тоа е убаво од неа, нели?

Можете да ја емитирате. Постарите сестри да ги копираш, е супер. Веќе минала низ се, низ кое поминуваш ти, така што треба да се потрудиш како неа.

Секогаш ви го чува грбот. И ти секогаш го правиш тоа за неа.

Таа е твојот гуру. Бидејќи веќе искусила пред тебе се, може да ти даде фантастичен совет. Покрај тоа, бидејќи ти си дел од нејзиното семејство, знае како функционираат работите во твојот живот и искрено се грижи за тоа што ти се случува.