Секој би сакал ваков луксуз: Погледнете го рајот на Наташа Беквалац - домот на пејачката зрачи со топлина, а само да ги видите деталите (ФОТО)
Српската барбика Наташа Беквалац се посветила на реновирање на својот дом на Дедиње каде живее со ќерките и го уредувала станот по најнова мода, а во секоја соба од нејзиниот дом преовладуваат светли бои.
Реновирањето на ентериерот траело половина година, а пејачката се погрижила за секој детаљ. Ги прифатила сите предлози и сугестии кои и ги дал архитектот и денес конечно има своја оаза на мирот. Сменила се‘ во станот до најситен детаљ, а за еден кревет платила 2.500 евра, пишуваат медиумите во соседството.
- Почнавме од почеток. Од подот до таванот. Фаза - сива. Сакав само едно... дека ништо, апсолутно ништо, ниту една работа, ситница, да нема врска со минатото. Овие девојки не живеат во минатото. Јас сум естет по природа, класична Вага. Никој не можеше да ги разбере моите желби за нашата куќа подобро од пријател на куќата. Конечно, ми се допаѓа тоа што го гледам во неа - објасни Беквалчева во една прилика по реновирањето на целиот стан.
Пространата дневна соба, светло ориентирана, е опремена со мебел во светли нијанси и преовладува белата боја. Во дневната соба има и голема удобна гарнитура од сива боја, пред која има маса од масивно дрво и големо домашно кино. Ова катче е идеално место за фотографирање, па Беквалчева често ги почестува своите следбеници со некои фотографии од нејзиниот совршено уреден дом.
За убавината на внатрешноста на оваа соба придонесуваат и висечките лустери со необична форма, како и бројни столици, полици, огледало и високи цвеќиња. За разлика од другите дами, кои би ги потрошиле сите пари на гардероба и додатоци, таа би ги потрошила на добро парче мебел.
- Некои жени трошат цело богатство на чанти, чевли, накит. Сето тоа го разбирам, но јас сум со поинакво мислење. Еден пријател еднаш ми кажа дека треперам пред добро парче мебел како нормална жена во Шанел. Не згрешил – изјави еднаш пејачката.
А кујната е одлично катче за добри фотографии, кога ќе ја уреди оваа пејачка. Беквалац сака да им готви на наследничките и голем дел од слободното време го поминува во кујна, како вистинска домаќинка. И во оваа соба доминира белиот мебел, а се‘ е опремено со потребната бела техника, додека трпезариската маса секако е вистинската ѕвезда на станот.
Она што го забележаа обожавателите на пејачката е дека Беквалчева има речиси ист вкус како Ким Кардашијан за домашен декор, бидејќи и двете имаат идентични парчиња мебел во светли бои во својот дом. Многумина забележуваат дека нивниот мебел и омилените делови од станот се многу слични.
Фото: Инстаграм - screenshoot/Youtube - screenshoot