Секоја чест Алекса: 29-годишен Србин во инвалидска количка го помина охридскиот маратон и стана инспириција за другите

Алекса Петровиќ од Србија, кој има целебрална парализа учествуваше на овогодинешниот охридски маратон. 29-годишното момче во инвалидска количка заедно со својот сотркач Марко го помина „Охрид трчат“. 

Тој стана синоним за храброст, борбеност, гласен и јасен со својата порака: „ Да се подигне јавната свест и да запре дискриминацијата и предрасудите на лицата со телесен инвалидитет“.

Алекса и Марко неколку дена пред маратон стигнале во нашиот туристички бисер, Охрид. 


„Како што кажал Нелсон Мендела спортот ги поврзува луѓето и тука се губи секаков вид дискриминација помеѓу луѓето. Мене ми е многу важно Алекса пред се‘ да почувствува дека тој овде припаѓа и едноставно да има убави спомени. Што велам јас кога ќе ги погледнеме медалите или некоја фотографија од нашите трки се сеќаваме на секој детаљ“, вели спортистот и котркач на Алекса, Марко Гајиќ, koj додаде дека пет години Петровиќ учествува во трки и дека тие го прават среќен, а исто така и нагласи како друштво редовно се собирале во домот на Алекса за да се дружат, но и откри дека редовно одат на концерти и други манифестации, а нивниот последен концерт кој го посетиле бил концертот на Ајрон Мејдан.


Фото: Инстаграм - marko_gajic_griffin