Сексот по 40-тата повеќе не е ист: Овие 5 промени се неизбежни!
Погледнете какви промени во сексуалниот живот доаѓаат во четириесеттите години
Кога ќе влеземе во четириесеттите години,
хормоналните промени се неизбежни.
Со промени во телото и расположението, се менува и
сексуалниот живот.
Имате
помалку волја да имате секс
Кога влегуваме во четириесеттите години, хормоните
полека почнуваат да се менуваат. И тоа може да доведе до тоа да жените имаат
помалку желба за секс. Исто така, може да се случи на жените да им треба повеќе
време за да бидат подготвени за секс и да страдаат од сува вагина.
Овој притисок може да се намали со помош на
лубрикант. Исто така, и разговорот со партнерот може да ни помагне да започнеме
повторно да уживаме во сексот.
Многу е
потешко да забремените
Колку е повозрасна жената, толку повеќе се
намалува квалитетот и количината на јајце клетките, па затоа е потешко да
забремените.
Почесто
доживувате оргазам
Мит е дека жените во зрелоста не можат да
доживеат оргазам. Имено, жената со возраста има поголемо искуство и
самодоверба. Таа е поотворена и повеќе ужива во сексуалниот чин. Ова се
причините зошто жените во четириесеттите години доживуваат оргазам многу
полесно отколку порано.
Мажот може
подолго да го одлага оргазмот
Како и кај жените, така и кај мажите, нивото на
хормоните се менува со возраста.
Ова води до фактот дека тој може да го одложи
оргазмот подолго, и да ужива во сексот поинтензивно. На тој начин, тие ќе имаат
повеќе време за својот партнер, а со тоа и поголема веројатност за заеднички
оргазам.
Ќе најдете
нови начини да се забавувате во кревет
Ако не ви оди како порано во кревет, ова е можност
да внесете некои новини во вашиот секс. Обидувајќи се со нови работи, ќе имате
повозбудливи нови искуства.