Сергеј го чекаше овој момент 17 дена: Српскиот репрезентативец конечно ја запозна и гушна штотукуродената ќерка

Добивај вести на Viber

Сергеј Милинковиќ-Савиќ се врати од Мундијалот и првпат ја виде ќека си која се роди додека тој беше во Азија

Репрезентативците на Србија, Сергеј и Вања Милинковиќ-Савиќ доживеаја прекрасен момент по враќањето дома од Светското првенство во Катар. Сергеј за прв пат ја виде својата ќерка Ирина и ја прегрна својата свршеница Наталија Илиќ. 

View this post on Instagram

A post shared by Sergej Milinkovic Savic (@sergej___21)


Таа се породи пред 17 дена и тазе таткото со денови го чекал овој момент кој никогаш нема да го заборави.

Прекрасниот спомен од првата средба на таткото и бебето беше објавен на Инстаграм од братот на Сергеј, Вања. Ако се суди по тоа што е облечен во тренерките од репрезентацијата, овие фотографии сигурно се направени веднаш штом пристигнале во куќата, бидејќи тие и дел од тимот слетаа на белградскиот аеродром во неделата попладне.