Судбина: Сестри близначки се омажиле за близнаци, сега имаат синови кои се родени скоро во исто време

Добивај вести на Viber

Сестри близначки кои се омажиле за браќа близнаци во исто време, родиле момчиња во разлика од три месеци. Бретани и Бриана Дин (33) ги споделија среќните вести на социјалните мрежи и објавија слатки фотографии на кои позираат со своите бебиња и сопрузи Џош и Џереми Салјерс

Бретани го објави раѓањето на нивниот син Џет Салјерс преку Инстаграм на 21 јануари, а гордиот татко Џош не ја криеше својата среќа:

„Бретани заврши одлична работа. Јас сум многу горд “, напиша тој.


Брајан и Џереми го следеа нивниот пример и споделија фотографија од нивниот син Џекс Салјерс.


„Јас сум многу горд на мојата прекрасна сопруга Брајан и колку добро се снајде. Беше многу силна и храбра и заврши неверојатна работа. Благодарен сум што нашите момчиња ќе растат заедно", напиша Џереми.


Децата ги одгледуваат во заеднички дом и признаа дека се чувствуваат како да се едно семејство.

Нивната приказна привлече голем интерес во јавноста, особено откако момчињата ги запросиле сестрите во исто време.


Извор: индекс.хр

Фото: Инстаграм