Сестрите Македонки, сопруги на познатите ракометари на „оф роуд“ тура: Десингер и Карачиќ одлично се сложуваат како баџанаци

Добивај вести на Viber

Македонката Марија Андоновска која минатата година се омажи за германскиот ракометар Кристијан Дисингер, објави фотографии како ужива во бракот со сопругот и како ги користат летните слободни денови.

Парот одбрал авантуристичка тура, односно „оф роуд“ со џип по каменест предел кој води до прекрасен пејзаж на море.

Марија и Кристијан биле во друштво на Душица и Игор Карачиќ. Душица е инаку сестра на Марија, а Игор и Кристијан се поранешни соиграчи од РК Вардар.

Оваа четворка не е прв пат заедно да замине на патување, минатата година заедно беа на хрватскиот остров Вис.

Фото: Инстаграм

Германскиот ракометар Дисингер стана македонски зет: Карачиќ му е баџанак, а Дибиров кум (ФОТО)