Северина: Хуморот ме спасува! Грашо ми рече дека изгледам како да сум излегла од фритеза
Неодамна Севе имаше емотивен концерт во Риека, а во меѓувреме оди на сослушувања во судница. Поради се што и се случува, таа откри дека нејзиниот живот може да стане материјал за претстава.
„Тарик би сакал да направи претстава, но јас му реков „Мораш да направиш реалити театар“, изјавила Северина (51) во интервју за ИН магазин и откри дека многу луѓе веќе сакаат да снимаат филм или театарска претстава за нејзиниот живот.
Пејачката неодамна ги воодушеви граѓаните на Риека со концерт во салата Младост, а најемотивниот момент на вечерта беше изведбата на „Rođeno moje“. Поради сето она што и се случува во приватниот живот, Севе откри кој сака сето тоа да го претвори во филм или театарска претстава.
- Тарик! Шоуто не може да биде постојано исто затоа што материјалот е сè посвеж и посвеж и едноставно се случува и се случува. Можеби некоја серија, но во неколку сезони кои ќе траат како...не знам...не знам која серија има најмногу сезони. Санта Барбара! - изјавила Севе за ИН Магазин.
Северина открила дека хуморот ја спасува во тешките моменти.
- Потребен е малку хумор! Хуморот ме одржува, му благодарам, ние дома сите сме духовити. Се пронајдов во многу песни овде - 'Mama ljubila morona!' - додала таа во свој стил.
Севе знае да се пошегува на своја сметка.
- Грашо ми вели дека изгледам како да сум излегла од фритеза..., сакаме одвреме-навреме да се почастиме - рече таа.
Да потсетиме, со неодамнешната одлука на Врховниот суд во Загреб беше поништена пресудата на Жупанискиот суд во Сплит, со која се одлучи синот на Северина да поминува подеднакво време со двајцата родители, но да живее со својата мајка. Тоа значи дека пресудата нема правно дејство и се гледа како никогаш да не постоела.
Единствено решение кое е во сила е она од ноември 2019 година, донесена од Општинскиот граѓански суд, со која е одлучено момчето да живее со татко му, што значи дека Северина може да го посетува двапати неделно и секој втор викенд и за време на празници.
Фото: Инстаграм
Извор: 24sata.hr