Северина покажа како ја украси празничната трпеза во својот стан: Внимавала на секој детал (ФОТО)

Северина на својот Инстаграм профил на следбениците им покажа како ја украсила празничната трпеза за Велигден

Северина на својот профил на Инстаграм сподели дел од празничната атмосфера од својот дом и покажа како ја украсила својата велигденска трпеза. Во приказните кои ги објави се издвојуваат бели лалиња, цвеќиња од магнолија, разнобојни јајца и традиционална велигденска пита, а може да се види дека внимавала на секој детал.

Таа сподели фотографија и со нејзината мајка.


Иако никогаш не објавила конкретна фотографија од својот стан, Северина повремено објавува дел од својот дом кој не открива премногу, но е доволен за да покаже дека многу внимавала на секој детал при уредувањето. Судејќи по фотографиите, во станот преовладува белата боја, а мебелот е во златни и беж нијанси.

Извор: showbuzz.dnevnik.hr