„Сфатив зашто сум сама на 38 години, а убава сум и успешна“: Многу го имаат овој проблем а еве и зашто

Добивај вести на Viber

Јана Хокинг, експерт за машко-женски односи од Австралија, неодамна напиша колумна зошто и на 38 години е сè уште сингл. Таа тврди дека конечно сфатила дека тоа е нејзина вина, а причината лежи во тоа што е зависна од чувството кое секогаш се појавува на почетокот на романтичната врска, а кое исчезнува по неколку недели. Таа тврди и дека тоа е вообичаен проблем за жените во 30-тите години, а нејзината колумна ја пренесуваме во целост.

- Неодамна го сфатив проблемот што ме држи сингл. Да, признавам, сето тоа е моја вина. Ова го открив пред неколку ноќи, кога бев будна до доцна во ноќта и имав егзистенцијална криза. Размислував за старото прашање: „Зошто сум сè уште сингл?“ и се обидов да го најдам одговорот барајќи на Гугл. Околу 3:15 часот наутро го најдов одговорот.

Накратко зависна сум од енергијата на новата врска. Тоа е онаа интензивна желба и страст што се појавува на почетокот на врската која сите ја обожаваат. Тоа е возбудата што ја добивате кога тој првпат почнува да ви праќа пораки. Тоа е тој адреналин што го чувствувате кога се бакнувате за прв пат. Тоа се првите неколку магични состаноци. Тоа е тој сјај што го имате кога конечно е сексот во прашање. Тоа се пеперутки во стомакот.


Тоа е возбудливо, ново и мистериозно.

По три месеаци исчезнува енергијата на нова врска! За жал, сè што оди нагоре мора да се симне. И, ако бидам целосно искрена, штом ќе се смириме еден со друг и мојот млад човек падне од пиедесталот на кој го ставам, често забележувам дека тој е незаслужено мета на моето невнимание. Да, енергијата на новата врска е суров ѕвер. Преку лично искуство, открив дека тоа се случува по околу три месеци, и верувале или не, овој проблем е многу чест кај жените во нивните 30-ти. Сериозно, науката ме поддржува во оваа точка, но ќе дојдеме до тоа подоцна.

Гледате, помеѓу запознавањето со момче кое беше целосно емотивно недостапно, запознав друг дечко кој навистина ми одговараш. Беше ентузијастички сопственик на бизнис, беше паметен, интересен и многу ме привлекуваше. Имавме неколку одлични состаноци и тој дури се сретна со моите пријатели, но потоа едно утро се разбудив со неговата голема, убава насмевка и веднаш посакав да си замине. Тој предложи да појадуваме заедно, а секоја девојка знае дека тоа е прилично сладок гест. Но, јас копнеев да го имам мојот кревет само за себе. Сакав мирно утро со моето куче и кафе.

Еве еден дечко кој ми го нудеше своето друштвото кое толку посакував, не можев да го натерам да го напушти мојот стан толку брзо колку што сакав. Тој буквално ми велеше: „Ми се допаѓаш и подготвен сум да се вложам во оваа врска“. Па зошто го оттурнав од мене?

Тоа е затоа што повеќе ја немав таа нова енергија на врската, и излезе дека сум неверојатно зависна од неа. Помислата дека никогаш повеќе нема да го имам првиот бакнеж со некого, ме растажува. Всушност, нашите тела се научно обучени да го искористат максимумот од тоа искуство.

Излегува дека кога ја искусуваме енергијата на нова врска, нашите тела се преплавени со хемикалии кои даваат добри чувства како допамин, окситоцин... Тие прават силен коктел од радост.

Ова е причината зошто толку многу од нас скокаат од една врска во друга - сите ние само го бараме следното големо чувство на допамин и не можеме да се заситиме од него. Но, за некој како мене кој толку долго се забавува со мажи, на крајот треба да го прекине циклусот. Кога имаш 38 години, тоа време навистина треба да дојде. Подготвена сум да се смирам и ми се допаѓа идејата да најдам некој со кого ќе бидам засекогаш. Па, како да престанам да ги прекинувам врските кога енергијата на новата врска почнува да бледне?

Не е сè осудено на пропаст!

За среќа, не е сè осудено кога тоа ќе се случи, како што ме уверуваат многумина во долги врски. Мојот прекрасен терапевт има неколку одлични совети:

1. Кога ќе почувствувам дека мојата врска ја губи својата искра и ќе забележам дека ми се изедначуваат допаминот, серотонинот и ендорфинот, наместо да ја прекинам целата работа, треба само да успорам.

2. Кога чувствувам потреба да избегам, треба да вежбам техники како длабоко дишење или заземјување во природа. Не морам да верувам во секоја мисла што ме води до крај на врската, можам да си дозволам момент во кој ќе го почувствувам, но потоа нека помине.

3. Ако сум загрижена дека сум заглавена во здодевна врска, треба да договорам состанок што предизвикува ендорфин. Наместо мирна ноќ со филм и пица, одете на некое интересно место. Потребно е заедно со партнерот да најдете место каде возбудата ќе биде поголема.

 Фото: Instagram/janaHocking