Шакира брутално го возврати ударот на Пике: „Замени Твинго за Ферари“ – Интимните фотографии со згодниот актер направија хаос на интернет (ФОТО)
Шакира го полуде интернетот со новите фотографии. Колумбиската пејачка позираше интимно со Лусиен Лависконт. Странските медиуми пишуваат дека згодниот британски актер ќе биде главна ѕвезда на спотот за нејзината нова песна Punteria.
Шакира позираше во прегратките на Лусиен облечена во розов фустан. Лависконт на себе не носеше ништо, туку само бели шорцови. Сликите предизвикаа хаос на мрежите. „Замени Твинго за Ферари“, се шегуваат обожавателите.
Да потсетиме, Шакира по седум години го издава новиот албум Las Mujeres Ya No Lloran кој ќе излезе на 22 март. Новиот албум вклучува 16 песни – осум нови, плус ремикс и седум претходно објавени хит синглови кои веќе имаат вкупно 3,7 милијарди пуштања на Spotify.
„Создавањето на овој албум беше алхемиски процес. Додека ги пеев, моите солзи се претворија во дијаманти, а мојата ранливост во сила“, изјави Шакира за албумот.
Фото:Instagram