Шармантната водителка Ведрана роденденски на Бали, во друштво на саканиот: Среќна и вљубена до уши

„Getting into 35 like“ … напиша шармантната водителка Ведрана на инстаграм споделувајќи низа фотографии на кои ужива во егзотичниот одмор на Бали. 

Таму е во придружба на момчето Андрија Антиќ, или познат како диџеј Ендрју Мелер од соседна Србија.

Ведрана го прославила 35-от роденден на 28 февруари, а како ги полни батериите на оваа далечна дестинација заедно со својот сакан може сами да погледнете од фотографиите што водителката сама ги сподели на Инстаграм.



Ведрана и нејзинoто момче често патуваат и му се насладуваат на животот, а тоа често го споделуваат со своите следбеници на социјалните мрежи.


ФОТО: Инстаграм Ведрана Ѓоргевиќ