Шехерезад воодушевува со новиот изглед: Не остана имуна на најновиот тренд за 2022

Добивај вести на Viber

Шишките се апсолутен хит оваа есен. Иако тие се мала промена, го менуваат изгледот на жената целосно. Одговараат на секаква должина на коса и може да бидат во било каква форма - прави, малку заоблени, густи, тенки, разделени во средината, префрлени на страна...

А на овој тренд не остана имуна ниту турската актерка и ѕвезда Бегузар Корел, или позната кај публиката како Шехерезад, улогата по која глумицата стана позната и препознатлива.

Пред една година Бегузар стана мајка по трет пат, роди девојче кое пред недела дена наполни 1 годинка, а очигледно мајчинството на актерката и годи, бидејќи судејќи според последните фотографии кои ги објави на Инстаграм, Шехерезад изгледа освежено, среќно, едноставно блеска.


Актерката освен што има шишки ја променила и бојата на косата, односно ја шатирала косата и ја пуштила да ѝ порасне.

Одлична промена!


Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира: 

Шехерезад и Сулејман го расплакаа светот: Објавата на популарната актерска двојка ќе ве разнежни! (ФОТО)