Шерон Стоун ја открива тајната на совршено тело: Како на 60 години да изгледате како неа?

Добивај вести на Viber

Шерон Стоун ја сподели тајната на која го должи своето совршено тело дури на 60 години.

Во интервјуто за "Њујорк тајмс", убавицата откри дека нејзината убава форма главно се должи на нејзиното редовно движење, а особено на нејзината обука за пилатес.

"Тренирам често пилатес, повеќе дома. Понекогаш одам и до сала каде го правам тренингот во зависност од моето расположение. А понекогаш едноставно си пуштам музика и танцувам додека не се онесвеста. Дефинитивно сепак не сум човек кој ќе трчаа по патот, зјапајќи во ѕид ", рекла актерката на" Основен инстинкт ".


Телото кое го има Стоун е исто така резултат на нејзината исхрана. Таа вели дека не е ограничена на ова прашање, но ја избегнува потрошувачката на преработена храна, кофеин и алкохол и глутен бидејки боледува од целијачна болест.

"Не јадам никаква преработена храна и не пијам пијалоци со кофеин. Ретко пијам и алкохол или газирани сокови. Но пак затоа јадам месо и црна чоколада. Кога не ми се допаѓа додавам шеќер во чајот. Јадам како обичен човек - кога сум гладна", рече таа .


Сепак, актерката инсистира на тоа дека она што ја прави толку зашеметувачка на екранот не е нејзината извонредна фигура, туку "убавината во неа".


"За мене вистината е во вистинската внатрешна убавина. Неопходно е да следиш одредена филозофија или начин на живот, или вера, кои да ти помагаат да го наоѓаш балансот во себе. За мене тоа е будизмот - тоа е нешто што те враќа повторно во центарот. Тоа е и клучот на вечната младост и убавина - внатрешното чувство за форма и елеганција ", додаде таа.