Шест интригантни детали за Меланија Трамп кои јавноста не ги знае: Зошто тајната служба ја нарече Златокоса?
- Постојано сакаше да ги чита сите ситници за себе, тврди нејзината поранешна соработничка
Стефани Гришам работеше во Белата куќа како директорка за комуникација и шефица на персоналот на Меланија Трамп, што значи дека имала можност добро да ја запознае познатата Словенка. Во својата книга проговори за своите искуства од тој период, од дешифрирањето на бракот на Трамп, преку односот на Меланија со својата пасторка Иванка Трамп, до нејзините „недоволната работна етика и донекаде бизарна љубов кон уредувањето на фото албуми“.
Малку е да се каже дека семејството Трамп е воодушевено со новата книга, а врз поранешната соработничка истурија дрва и камења во изминатите денови.
Во изјава за Си-Ен-Ен, претставничката за јавност на Меланија Трамп кажа:
„Авторката очајнички се обидува да ја поправи својата нарушена репутација манипулирајќи и искривувајќи ја вистината за госпоѓа Трамп. Госпоѓа Грашам е лажлива и проблематична личност која не ја заслужува довербата на никој.“
Поранешната соработничка откри многу контроверзии, а ние ви ги претставувате шесте најинтригантни:
1. Опсесивно ги читаше сите вести за себе
Кога Меланија за време на мандатот на нејзиниот сопруг се појави во јавноста, единствено се пишуваше за нејзините модни комбинации. Ги носеше најлуксузните модни брендови и за нејзиниот моден стил навистина немаше што да се зборува, но за разлика од поранешните први дами кои започнуваа хуманитарни иницијативи и гласно ги застапуваа, Меланија Трамп во јавноста молчеше.
Не се знаеше што мисли и навистина изгледаше, исто како натпис на фамозната јакна на Зара која ја носеше, како да не ѝ е грижа што американските медиуми и јавност мислат за неа. Но, Грешам вели дека тоа било само фасада. Меланија Трамп навистина се грижела што се пишува за неа.
„Постојано сакаше да ги чита сите ситници за себе“ - тврди нејзината поранешна соработничка.
„Како и нејзиниот сопруг и сите негови деца, госпоѓа Трамп внимателно ги прекледуваше исечоците од весниците како стручен архитект кој се фокусира на нацртите. Ниту еден детаљ не беше занемарен, ништо не ѝ промакнуваше. Имаше вклучено предупредувања на „Гугл“ за себе и гледаше сè“ - пишува Гришам.
Како нејзина претставничка, Гришам од првата дама во текот на еден ден примала повеќе пораки, а многу се однесува на тоа како да одговори и во нејзиниот случај да не одговори, на прашањата на глобалните медиуми опседнати со разбирањето на таинствената Словенка.
2. „Златокоса“ и нејзината љубов кон фотоалбумите
Гришам во книгата исто така открива и дека поминувала многу малку време со шефицата во канцеларија. И тоа не во смисла деа била еден на еден со Меланија во Источното крило, туку дека Меланија всушност воопшто не доаѓала во своите канцеларии во Источното крило. Гришам вели дека се сеќава дека својата шефица во пространата канцеларија наменета за првата дама ја видела само неколку пати во текот на тие четири години додека работела во Белата куќа.
„Госпоѓа Трамп работеше од дома долго пред да стане задолжително за време на пандемијата“ - вели Гришам.
„Кога тоа е оправдано, би имале лично состаноци, но тие воглавно се одвиваа во Собата со карти спроти лифтот покрај резиденцијата. Тамо ги планиравме распоредите, одговаравме на итните прашања и разговаравме за целите. Времето воглавно го поминуваше во својата резиденција.“
Гришам вели дека Меланија Трамп често била затворена во својата резиденција и дека Тајната служба ѝ го дала прекарот Златокоса, „бидејќи седела во својата кула, не спуштајќи се“.
Многу време, пишува Гришам, трошеше на „грижата за себе“, која вклучува многу часови сон. Гришам вели дека персоналот од Источното крило повеќето денови со својата шефица се слушал пред 10 часот.
„Веруваше дека опуштањето е клучен дел од ритуалите за убавина, како што се, секако, и спа третманите и третманите за лице“ - пишува Гришам.
Исто така вели дека на Меланија главното дело или „второ дете“, како што го нарекува во својата книга, биле фотоалбумите. Имено, Меланија поминувала многу часови средувајќи ги фотографиите и албумите.
3. Иванка Трамп ја нарекуваше принцеза
Она што сите го насетувавме, Гришам сега го потврди - помеѓу Иванка и Меланија, двете најважни жени во животот на Трамп, нема многу љубов. Иако тој факт воглавно се држеше подалеку од очите на јавноста, Гришам пишува дека секогаш постоела напнатост помеѓу нив две, често поради желбите на Иванка да биде во центарот на вниманието на јавните настани и патувањата во странство.
Гришам пишува и дека, откако станала свесна за нежната врска на таткото и ќерката, Меланија Трамп ѝ дала прекар, со кој сакала да ја нарекува зад грб - принцеза.
Гневот на Меланија според својата пасторка често би се разгорел за време на патувањата, пишува Гришам, најмногу затоа што поранешната прва дама строго се држела до протоколите и традицијата, а која се резервирани само за претседателската двојка, но не и за ќерката на претседателот и нејзиниот сопруг.
Конкретно, кога Иванка Трамо сакала да учествува во посетата на англиската кралица во Бекингемската палата, Меланија инсистирала Иванка и Царед да не бидат во центарот на вниманието. Наместо тоа, тие двајца се фотографиле како гледаат од прозорецот во Бакингемската палата, додека за тоа време Меланија се дружела со кралицата и Камила Паркер.
4. Била луда поради наводните афери на Трамп
Иако тогаш Си-Ен-Ен извести, Белата куќа никогаш не евидентираше дека Меланија Трамп дошла со посебен автомобил на обраќањето на Трамп во 2018 година, како и во Заедничката база „Andrews“ за да отпатува, бидејќи била лута на него кога во јавноста испливале неговите афери со порно актерката Сторми Денијелс и поранешниот Плејбој модел Карен Мекдугал.
Во својата книга, Гришам пишува дека Меланија навистина била вознемирена и дека бесот ја навел на јавен начин да се дистанцира од својот сопруг. Не сакала да ја гледаат како политичка сопруга која се обидува да го спаси својот сопруг од штетните наслови, туку токму спротивното.
„Чувствував дека на госпоѓа Трамп ѝ е непријатно и дека сака и тој да се чувствува така. Дали е тој способен за тоа или не, не знам“ - пишува Гришам за епизодата Данијелс, за која вели дека довела до тоа Меланија да стан похрабра и поагресивна.
„Го примив нејзиниот повик во кој ми јави дека сака да оди до „Air Force One“ пред својот сопруг. Ме изненади велејќи ми, Не сакам да бидам како Хилари Клинтон, разбираш ли што мислам? Таа, по веста за Моника, одеше до хеликоптерот „Marine One“ и се држеше за рака со својот сопруг и тоа не изгледаше добро, мислејќи за Моника Левински. Не се карав“ - пишува Гришам, која ѝ помогнала во организацијата на логистиката за да го олеснила нејзиното барање.
Освен тоа, Гришам одела на шопинг во воената канцеларија на Белата куќа, „за убав асистент“ кој ја следел првата дама во Капитол на обраќањето на Трамп до нациајта, на барање на Меланија Трамп.
5. Меланија Трамп и фамозната јакна
Гришам цело поглавје во својата книга посвети на фамозната јакна, дешифрирајќи го инцидентот со озлогласениот зелен парк Зара украсен на нејзиниот грб со зборовите: „Навистина не ми е грижа. Што е со тебе?“, која Мелнија ја носеше кога го посети Центарот за прием на имигранти во Тексас.
Накратко, Гришам всушност не објаснува зошто поранешната прва дама одлучила да ја носи јакната на патувањето во Тексас, пишувајќи дека како и сите останати ништо не знаела за таа нејзина одлука. Меѓутоа, Гришам вели дека Меланија не сфатила или навистина не ѝ било грижа за силните критики кои ги доби, бидејќи носела јакна со толку груба и безчувствителна порака во време кога во земјата каде се раздвојувале децата од родителите имигранти.
Гришам вели дека откако силните критики се појавиле во јавноста, уште биле во авионот и дека се сретнале во приватната кабина на првата дама, обидувајќи се да пронајдат начин да го одвратат вниманието на медиумите од јакната. Гришам пишува дека во еден момент од разговорот, Меланија предложила да се стави круг со црта преку делот „не“ на пораката на јакната - претварајќи во „навистина се грижам“ - а, потоа би требало да тврдат дека новинарите тоа погрешно го прочитале. Гришам ја одвратила од таа идеја.
Кога првата дама и Гришам се вратиле во Белата куќа, тоа веќе било главна вест во сите медиуми, а Трамп очигледно не бил среќен поради тоа.
6. На децата во Африка сакаше да им подари огледала
Меланија Трамп сакала на децата во Африка да им испрати огледала за да можат да се видат колку се убави и силни, тврди Гришам во својата книга. Додека била на посета во основното училиште во државата Малави, за време на посетата во Африка во 2018 година, придружбата на Меланија била изненадена кога децата ги молела да ги фотографираат со телефони, бидејќи „сакале да видат како изгледаат“.
Иако Меланија инсистирала на фотографирање, барањето го одбила Линдзи Рејнолдс, која во тоа време била нејзина шефица на кабинетот.
„Што се вративме во САД, сакаше во училиштето да испратиме огледала“ - пишува Гришам, цитарајќи ја Меланија:
„Мораме да им испратиме огледала. Децата мораат да знаат како изгледаат и да видат дека се многу силни и убави“.
Гришам напишала и дека, иако Меланија инсистирала на тоа, барањето го одбила Рејнолдс, која кажала дека канцеларијата на советничката на Белата ноќа одлучила дека тие ќе го решат тоа.
фото: Profimedia