Шест причини зошто луѓето се чувствуваат лошо во вашиот дом

Добивај вести на Viber

Иако домот е место каде се создава позитивна енергија, се релаксирате и ги полните батериите, вие во вашиот дом не се чувствувате добро, топло и удобно. Зошто е тоа така? Дизајнерите на ентериерот ги посочуваат овие шест причини.

Во вашиот дом нема цвеќе

Домот без ниту едно цвеќе не е дом. Зелените листови и свежото цвеќе донесуваат светлост, освежување и зраци.  Ќе ја освежат просторијата, а некои истражувања покажале дека го намалуваат стресот.

Единственото осветлување е на таванот

Ако во вашата дневна соба или кујна единствена светлина е вашата светилка или некој лустер, тогаш имате сериозен проблем.

Задолжителноосветлете го просторот со дополнителни ламби кои ќе ви помогнат подобро да гледате што работите.

Немате чист влез

Влезот мора да биде чист доколку сакате да имате позитивна енергија во вашиот дом. Пред влезот не оставајте канта за отпад, ниту пак несредени обувки.

Фокусот ви е на телевизорот

Идеална фокусна точка нема ви биде каминот, а не телевизорот. Телевизорот треба да ви биде поставен на некое помалку важно место во дневната, а најдобро би било да го ставите на плакар со вратички кои ќе ги затворите кога нема да го гледате тв.

Нема потреба од ТВ во спалната соба. Префрлете го телевизорот во дневната соба или во просторија каде што не спиете.

Трепезаријата е во сина боја

Ако мислите дека боите немаат врска со апетитот, се лажете.  Сината боја го „убива“ апетититот и е одлична доколку сакате да ослабнете. Сината боја е добра за спалната соба бидејќи ќе ви се преспие, но е преладна за просторија каде се собира семејестовото.