Шќипе Мехмети со Гран При за „Без наслов“
Шќипе Мехмети е добитник на Гран-при наградата на 17 Зимски салон на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Наградата ја доби за диптихот „Без наслов“. Ова дело на Шќипе е инспирирано од случка во Париз. Интересно е да се спомене дека наградата на ДЛУМ и обезбедува двомесечен студиски престој во ателјето „Citè des Arts“ и тоа токму во француската метропола.
Во нејзиното интервју кое пред извесно време го направи екипата на Женски Магазин, таа ни изјави: Да се биде уметник во Македонија е многу тешко. Да се биде жена уметник е уште потешко. Општеството денес нема јасни критериуми за тоа што е вистинска уметност (земете го само за пример оној кич од Скопје 2014), ниту пак има едуцирана публика која знае да го поддржи она што навистина е вредно. Уметникот денес овде се соочува со многу проблеми, но жената уметник се соочува со такви наметнати ограничување од страна на семејството и заедницата (кои во најголем дел се несвесни, што е уште пострашно) за кои треба огромна храброст да ги совлада и надмине.
Повеќе од нејзинито интервју прочитајте тука