Шок откритие: Харис изневерувал прв, Мелина му ги пронашла пораките со десет години помлада девојка од неа - ова се сите детали од аферата
Харис Џиновиќ (72) во првата изјава по разводот со Мелина Џиновиќ истакна дека изневерениот сопруг последен дознава, алудирајќи на тоа дека неговата поранешна сопруга за време на бракот си нашла друг партнер, кој е еден од причините за пропаѓањето на нивниот брак.
Сепак како змија криел дека имал и тајни авантури.
Токму за една таква дознала и неговата сопрга пред три години, поради што имале жестока расправија. Според изворот на српски Курир, пејачот имал лежерна врска со девојка непозната за јавноста, која била десет години помлада од неговата сопруга. Музичарот се гледал тоа девојче најмногу во вилата кога Мелина и нивните деца не биле таму.
- Без разлика на годините на Харис, тој е голем заводник. Слушнав кога неодамна јавно алудираше дека се разведува затоа што последен дознал како изневерен сопруг, но не ми е јасно зошто не вели дека и тој имал афери за време на бракот. Со една девојка беше во врска со месеци. Мелина дознала за неговата врска гледајќи пораки во неговиот телефон, настанала кавга иако меѓу нив веќе имало затегнати односи – тврди нашиот извор близок до Џиновиќ.
Откако веста дека Мелина и Харис се разведуваат одекна како бомба, се отвори Пандорината кутија. Сакаа да скријат од јавноста дека се разведуваат и дека секој сака да живее како што им одговара. Нивните деца се доволно возрасни, ја разбираат ситуацијата и не се мешаат во одлуките на родителите. И Мелина има своја емотивна приказна, среќна е во љубовта. Од друга страна, Харис отсекогаш бил заводник во друштво на убави и атрактивни жени, па тоа што е во осмата деценија не му претставува проблем. На Мелина јасно и ставил до знаење дека нема намера да се пресели, но не ја ни побарал да се исели од вилата, таа сама одлучила, што тој го откри и во интервјуто кое го даде неодамна.
Фото:youtube