Шпанската преставничка за Евровизија веќе важи за фаворит: Ние сме во потрага по нашиот претставник

Шест песни за кои веќе велат дека се одлични и дека ќе биде многу тешко да се одбере победникот.

Македонската јавност конечно имаше можност да ги слушне шесте песни кои се во трка за претставник на Македонија на Евровизија 2022 во Торино, Италија. 

Во игра се Кали, Јон Ајдин, Лара Иванова, Виктор Апостоловски, Андреа Коевска и Борис Цветановски што ги селектираше стручната комисија, а за кои може да гласате онлајн и вие од 28-ми јануари до 4-ти февруари и со тоа директно да учествувате во изборот на наш претставник за овогодинешното издание на Евровизија. 

Вашите гласови се половина од финалниот резултат, а другата половина ќе се добие од гласови на меѓународно стручно жири. Гласовите од онлајн гласањето и гласовите на меѓународното стручно жири ќе бидат претворени во поени, според евровизискиот принцип на гласање (50:50).

Овде можете да ги слушнете песните на нашите изведувачи:

ЛИНК

До сега, избрани се околу десетина песни за официјалниот избор на Евровизија. Другите европски претставници имаат исто така интересни песни, а како главен фаворит засега се издвојува шпанската претставничка Шанел:

Слушнете ја песната: