Што ако друго дете го удри твоето: Единствена правилна реакција!

Бидете внимателни што правите и како реагирате, затоа што малите учат сè од вас

Во ситуација кога детето е повредено, секој родител има потреба да го заштити. Сепак, овие работи се случуваат, па затоа мора да бидеме подготвени за тоа и да научиме како треба да реагираме во корист на децата, пишува Yumama.com.


Што треба да направам ако нечие дете го удри моето?

Кога нашето дете е повредено, без оглед на околностите, веднаш ќе го разбуди кај нас заштитниот инстинкт. Да, сигурно ќе помислите дека таткото на детето што го повредило твоето нема дисциплина, или како воспитувачката не можела да предвиди ваков вид однесување кај децата.

Сосема разбирливо е да се реагира на овој начин, но запомнете како е тоа за оние тригодишни деца кои набудуваат испади на гнев кај возрасните. Секогаш имајте го во предвид тоа, па затоа ќе ви биде сосема јасно дека е важно да реагирате на поинаков начин.
Ситуации како ова често им се случуваат на децата, па затоа е важно да бидете подготвени и да размислувате за сè навреме.


Погледнете го тоа од перспектива на детето

Знаеме дека малите деца не се познати по самоконтрола. Детето често може да почувствува нешто што ќе го присили кон агресивно однесување, а ниту тие ниту ние не разбираме зошто. Затоа е важно возрасните да бидат околу.


Иако е сосема нормално да реагирате импулсивно кога ќе се случи ваква ситуација, поважно е да му се покаже на детето дека тоа не е прифатливо однесување.

Мора да имаме на ум дека нашите деца, како и децата на другите, секогаш гледаат. Тие навистина посветуваат посебно внимание на тоа како реагираме, особено во стресни ситуации. Кога тригодишник, кој го удирил другартчето, пред себе гледа возрасен како полудува од гнев, тој така нема да научи што е потребно.


Останете смирени

Ако родителот на напаѓачот не реагира, можете вие. Прашајте го вашето дете дали е во ред, затоа што мора да му е тешко во тој момент. Смирено разговарајте со другото дете и кажете му дека се чини дека тој го повредил вашето дете. На овој начин, ќе ги охрабрите и воспитувачот и другиот родител да направат нешто. Вашата мирна реакција ќе им покаже на децата дека сè ќе биде под контрола и се ќе биде во ред.


Ако има следен пат…

Иако реагиравте смирено, важно е да бидете подготвени за слично нешто да се случи повторно. Ако се случи повторно, тогаш има малку посериозен проблем. Секое дете во градинка треба да се чувствува безбедно, а лошото однесување на возрасните нема да го обезбеди тоа.

Ако ситуацијата се случи повторно, важно е да зборувате смирено за сè. Разговарајте со воспитувачката и кажете и што ве загрижува. Прашајте ги какви се нивните чекори за решавање на проблемот. Важно е тие да разговараат со родителите на тоа дете и да им укажат дека ваквиот начин на однесување мора да се реши.
Се разбира, повеќето родители ќе се најдат во оваа ситуација еден ден и ќе треба физички и емотивно да го заштитат своето дете. Затоа е важно да се знае како да се реагира и да се реши ситуацијата со цел најдобро да се заштити детето.

Извор:stil.kurir.rs

Осум скриени пораки кои му ги праќате на детето кога го удирате