„Што било убаво да прошеташ со стомаче“: Антониа Гиговска ги собра сите погледи на ревијата на Ива Спасовска

Добивај вести на Viber

Младата пејачка Антониа Гиговска на синоќешната ревија на моднта дизајнерка Ива Спасовска владееше на сцената.

Младата трудница буквално ги украде погледите на присутните а добила и бројни комплименти за изгледот.

Иако, Антониа најави пауза поради блажената состојба во која се наоѓа, сепак излезе на сцена и уште еднаш покажа дека е одличен вокал.

„Епа денес уживав во ревијата Ангел на Ива Спасовска и ја имав таа можност да се појавам на сцената. А си добив и комплименти дека сум многу убава трудница, па си викам што убаво било да прошеташ со стомаче. Да живее комбинезонот, немам сега многу избор“ – напиша Антониа на Инстаграм споделувајќи низа фотките.

Носеше долг црн комбинезон кој го надополни со ракавици и елегантен светкав накит.

View this post on Instagram

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)



Целата комбинација ја зачини со црни шпиц чевли и шминка која ги истакнуваше нејзините црти.



ФОТО: Инстаграм