Што да се консумира на овие тропски горештини? Експерите советуваат која храна лади, а која загрева
Фото насловна: Profimedia
Како што температурата се зголемува, ние бараме храна што ќе
ни ја олесни топлината и жештината,
но исто така храна која ќе ни надокнади сè што сме изгубиле преку потењето.
Минерална и обична вода, супи, зеленчук и овошје се вистинската храна за овој период од годината. Соковите, особено газираните, треба да се избегнуваат по секоја цена.
Високите температури полесно се толерираат кога нема многу влага, што не е случај овие денови. Ова доведува до обилно потење и губење на минерали, како што се калиум и натриум. Најдобро е да ги надоместите со минерална вода, советува д-р Верослава Станковиќ, додавајќи дека не треба да пиете ладна вода затоа што со тоа се постигнува контра ефект и се зголемува телесната температура.
Што се однесува до храната, најдобро е да се консумира зеленчук и овошје. Зеленчук во форма на салати, прелиени со маслиново масло и сол.
Природно е да внесувате повеќе вода во текот на летните месеци и високи температури - околу 2 до 2,5 литри на ден. Луѓето кои имаат проблем со висок крвен притисок треба да бидат претпазливи кога станува збор за внесување на повеќе течности.
Особено се препорачуваат супи, домашни или готови, што ќе надомести загуба на минерали.
На кратко, водата, супите и зеленчукот, како краставиците и лубениците, се вистинската храна за толку високи температури.
Соковите, особено газираните, треба да се избегнуваат, и поради големата количина шеќер и поради диуретичното дејство.
Од храната што треба да се избегнува е дефинитивно месото, особено не пржено. За неговото варење е потребна голема количина на енергија, чие создавање само дополнително ја зголемува температурата на телото.
Што се однесува до вашето омилено летно уживање, сладоледите се добар начин за разладување, но само ако се овошни и базираат на вода. Треба да се избегнуваат калоричните сладоледи.
Можеби ќе ве интересира:
Пробиотиците обезбедуваат правилно функционирање на дигестивниот тракт