Што е тоа што само Шеќеринска го носи, а другите двајца политичари го немаат на себе?

Добивај вести на Viber

Токму деталите се тие кои скоро секогаш можат да го одвлечат вниманието. Дури и најситните. Посебно модните детали. Нашите политичари претежно внимаваат на овие нешта, па најчесто можеме да ги видиме со некој убав часовник, гердан, чевли, чанта...

Ама не и бурма- венчалниот прстен. Се разбира, не значи дека таквиот накит секогаш треба да се носи, ама овие наши политичари скоро и да не ги носат... Не сите! Од издвоените, можеби моментално најмоќните политичари кај нас, Радмила Шеќеринска секогаш ја носи бурмата и нема ниту еден друг прстен на раката.

Кај Зоран Заев и Христијан Мицковски скоро и да не се забележува овој детал- или не ја носат бурмата или не им се гледа. Секако, бурмата не значи дека неминовно мора да се носи, тоа е личен избор. Или и двајцата не сакаат накит...

Р.Ж.М