Што ѝ е потребно на кожата според возраста
Нема човек што нема да ви каже дека тоа што е најпотребно на вашата кожа е ритуал за нејзина нега. Треба да си направите своја секојдневна рутина која секогаш ќе ја следите. Понекогаш пронаоѓањето на вистинските продукти за вашиот тип на кожа може да изгледа како мистериозен роман, како сложувалка без крај. Насекаде прашувате што е тоа што ви е најпотребно и сите ве прашуваат колку години имате. Едно нешто мора да знаете, а тоа е дека секој ритуал за нега на кожата мора да вклучува крем за навлажнување, и течност за чистење. Тоа се клучните производи и потоа се додаваат продукти зависно од потребата на кожата и најважно, од годините, затоа што како и сè друго, така и кожата старее со годините.
После 20-от роденден
Кога сте во втората декада
од животот речиси сè изгледа дека може да помине како нега, дури и само еден туш. Но,
најзначајно за кожата е превенција. Па затоа:
- изберете течност за чистење која нема да ви ја оштети кожата кога ја вадите шминката
- ставете масло за лице за да ја заштитите кожата
- фокусирајте се на превенција на можни идни проблеми
Во вашите 30 години
Како доаѓаат 30-те години така ќе почнете да ги забележувате мали линии под очите, сува кожа и друго. За да ги третирате овие појавувања би требало:
- почесто да користите ексфолиација
- да ги третирате брчките
- да користите повеќе антиоксиданти
- задолжително да почнете да користите крема за околу очи
Во 40-те години
Во четвртата декада од вашиот живот естогенот, хормонот задолжен за зачувување на колагенот и еластинот во вашата кожа, почнува бргу да опаѓа. Ова, во спој со изложувањето на сонце и недостатокот на добар ритуал, со сигурност ќе резултира со линии и брчки или дамки на кожата. Во овие години мора да ја засилите рутината со подобри продукти и состојки кои подлабински ќе ја третираат вашата кожа.
- користете балсам за чистење кој ќе ви помогне да ја вратите влажноста на кожата
- забрзајте ја обновата на клетките од кожа со користење на маска со ензими за чистење на мртви клетки
- почнете да користите креми кои содржат Ретинол
- не штедете на крема за заштита од сонце
Во вашите 50 години
Кога ќе дојде вашиот 50-ти
роденден мора да знаете дека самата регенерација на клетките во кожата
значително ќе се намали. Резултатите од тоа, и други надворешни фактори, се
сува кожа, поистакнати знаци на стареење, потенка и почуствителна кожа. За тоа
треба да ја негувате и подобрите вашата кожа со продукти кои ќе го стимулираат
производството
- користете пептиди
на колаген и кои ќе ја заштитат кожата.
- користете креми што уште повеќе од порано ќе ја хидрираат кожата
- користете ексфолиација почесто (2-3 пати неделно)
Над 60 години
Времето си го прави своето кај сите – ја старее и кожата. За среќа во модерно време постојат многу продукти кои можат да ѝ помогнат на кожата и да ги намалат очигледните знаци на стареење. Затоа:
- користете чистач на кожата кој ја навлажнува во исто време
- користете појака крема за помладување на кожата
- хидрирајте, хидрирајте и хидрирајте
- навечер задолжително повторете ја рутината
За да ги дознаете овие совети и трикови може да го посетите Капитол мол во петок и сабота, 16-ти и 17-ти ноември, за време на Дерма Фест – кој се организира по втор пат, а на кој ЖЕНСКИ МАГАЗИН е главен медиумски партнер. Минатата година илјадници посетители успејаа да се запознаат со начините и продуктите со кои сè уште ја негуваат својата кожа. Оваа година покрај козметиката и изложувачите, повеќе време ќе им се посвети на совети и панел дискусии со експертите.
Време е да одделите малку време за себе, својот мир и својата кожа.