Што крие тестаментот на принцезата Дијана?! Вилијам и Хари не беа единствените наследници

На последниот ден од август 1997 година, светот го запре веста дека една од најфотографираните жени на сите времиња, принцезата Дијана, го загуби животот во сообраќајна несреќа во Париз. Таа имаше само 36 години. Меѓу бројните прашања што се појавија во тоа време беше и темата за тестаментот на принцезата Дијана.

Што крие тестаментот на принцезата Дијана? Дали беше премногу млада за да го напише? Но, таа го оставила, заедно со попис на имотот. Се претпоставува дека тоа го направила кога официјално се развела од принцот Чарлс и ја изгубила титулата „Нејзиното кралско височество“.

Во последниот тестамент на Лејди Ди се споменуваат неколку луѓе. Двајцата главни наследници се секако нејзините синови, принцовите Вилијам и Хари. Во тестаментот биле вклучени и 17 деца на кои принцезата им била кума, како и нејзиниот сакан батлер Пол Барел.

Имотот и тестаментот на принцезата Дајана

Таа ги избрала нејзината мајка Лејди Френсис и една од нејзините сестри Лејди Сара за повереници и извршители. Британските медиуми ги пренесуваа наводите од Високиот суд на правдата на Англија, според кој имотот на принцезата Дајана изнесува 21.711.485 фунти, што е повеќе од 30 милиони долари.

Меѓутоа, кога беше пресметан (огромниот) данок на наследство, бројката драстично опадна, па нето вредноста всушност беше 17 милиони долари.

Откако помина низ процесот на одобрување на Високиот суд, имотот на принцезата Дијана беше распределен како што таа наведе во тестаментот. На батлерот му оставила околу 70.000 долари, додека кумашините добивале работи од сентиментална вредност како фотографии, уметнички слики, порцелан.

Таа оставила 1,4 милиони долари на фондацијата, како и целата нејзина облека, вклучувајќи ја и нејзината позната венчаница. Фондот го користат Вилијам и Хари, нивните семејства и добротворни организации.

Остатокот од имотот го поделиле нејзините синови. Секој добил пристап до својот дел од наследството кога ќе наполниле 30 години. Принцовите го добија и накитот на Дијана, кој често го гледаме на нивните поубави половини, Кејт Мидлтон и Меган Маркл.

Фото: Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs