Што мислите-колку всушност се променила? Фотографија од 16-годишната Ирина Шајк стана главна тема на Инстаграм
Ирина Шајк неодамна наполни 38 години, а сподели фотографија кога имала 16 години.
Една од најубавите жени на светот, моделот Ирина Шајк, секогаш е главна тема на медиумите поради љубовниот живот, модните комбинации или деловните ангажмани. Таквата жена не може да остане незабележана кога шета по улиците на Њујорк, но нејзината животна приказна не секогаш била полна со гламурозни моменти.
Во едно од нејзините ретки интервјуа, Ирина Шајк, чие вистинско име е Шајхлисламова, зборуваше за растењето во Русија, како останала без татко како девојче и за сиромаштијата со која морале да се справат.
Таа не крие дека поради оваа причина својата ќерка ја воспитува да биде силна и независна, бидејќи како што вели и самата „подароците и храната не доаѓаат од никаде“, а сето тоа се темели на тоа што многу добро се сеќава на тешкото поминато детство и патот по кој морала да оди.
Оваа убавица често е мета на коментари поради својот изглед и необичната убавина, а многумина сѐ уште не веруваат дека таа не се обратила кон пластичните хирурзи. Сепак, таа на својот Инстаграм сподели фотографии од детството и тинејџерските години, а очигледно е дека и тогаш имала подеднакво полни усни и вистинска руска убавина.
ФОТО: Инстаграм принсткрин