Што може да направите во Амстердам за 5 евра
Иако е познат како град на гревот, холандската метропола е и вистински културен центар во Европа.
Најдобро превозно средство е велосипед, а влезниците на музеите се од 10 до 17 евра. Љубителите на музеј обично купуваат карти за неограничен број на посети, кои чинат 60 евра. Меѓутоа, постојат и музеи каде што картата чини 5 евра
Задолжително треба да прошетате и низ цветниот пазар на каналот Сингел, а оваа атркација е бесплатна. Исто така бесплатно може да го посетите и бродот на напуштени мачки, кој се наоѓа на истиот канал. И влезот во најстарата куќа од 1475 година исто така е бесплатен.
Роденден на кралот е 27 април, а „влезница“ за влез на забавата е портокалова маица.
Велосипед може да изнајмите, но внимавајте последниот дел да не е обоен во жолто. Тоз значи дека луѓето бесплатновозат по градот, па треба само да викнете „велосипед“. Исто така може да направите и тура со трамвај, а картата е 3 евра. Има и возење со историски трамвај, кој половина час вози низ историскиот дел, а влезницата е 3 евра.
Во Амстердам може добро да се храните, но мора да го почитувате времето за оброк. На пример, од 9 до 10 часот, во холандскиот ресторан „Хема“ за 2 евра може да појадувате омлет или кроасан со џем и кафе.
Неколку кафулиња нудат евтини пијалоци и фантастичен поглед, а такви се„Кафе блу“, „Ла Плас“ или „Руфтоп“.
На улица може да купите евтина харинга, познато холандско јадење, ако денот е сончев и топол, со храна од супермаркетот "Алберт Хајн" може да се јаде помалку од пет евра во паркот.