Што нѐ очекува во првиот месец од годината во бизнисот и љубовта? Внимавајте на документите и уредите во домот
Првиот месец од
2022 година ќе донесе многу промени во работата и повеќе обврски, а на љубовно
поле разделби на распаднати врски и нови романси. Бидејќи Меркур на 14 јануари
се движи ретроградно, треба да се внимава во сообраќајот, при потпишувањето
важни документи, но и во односите со партнерите.
- Оваа година ја започнуваме со Месечината и Марс во Стрелец, што ни дава добра енергија за работа и оптимизам и благородништво во односите. Искористете ја првата недела од јануари и поминете ја со семејството. Ситуацијата на небото веќе се менува на 14 јануари, кога Меркур се движи ретроградно. Тогаш ќе имаме помала забуна со хартии, зборови, техника... Сето ова ќе трае до 4 февруари. На 17 јануари нè очекува полна месечина, а тој аспект најмногу ќе влијае на емоциите, семејството, кариерата. Можни се кавги и расправии за пари или наследство - вели белградскиот астролог Жељка Кнежевиќ.
Еве кратка прогноза за сите знаци на Зодијакот за јануари 2022 година.
ОВЕН – некои од вас ги очекува изненадувачко службено патување, но доколку е во време на ретрограден Меркур, подгответе се да ризикувате. Кај некои слободни Овни еден пријателски однос може да се претвори во љубовен.
БИК - би било паметно да вклучите некој друг во бизнисот, да ги исполните сите обврски брзо и безбедно. Ова не е време да го навредувате партнерот или да бидете груби со него. Внимавајте да не ја преминете границата.