Актуелно // Insta вести
„Што научија моите родители на Македонски“: Кенијката Емакулате омажена во Скопје ги насмеа следбениците
Емакулате Вандера е најпозната снаа од Кенија во Скопје.
Таа е прилично активна на социјалните мрежи, и најчесто ги смее обожувателите со нејзините смешни видеа и изговор на мекедонскиот јазик.
Емче, повторно изненади со видео овој пат заедно со нејзините родители.
Што научија моите родители на Македонски, напиша Ема на видеото:
„Како си“ , „Тиква зелена“ , „Ајде“, „мрш“, се само дел од зборчињата кои звучат смешно изговорени од страна на кениските родители на Емакулате.
Видеото собра илјадници лајкови, а забележливи се и коментари како:
„Треба да ги донесеш овде“, „Овој јазик звучи добро“, „Умрев од смеење“, „Колку убави родители имаш“ , се дел од коментарите под видеото.