Што не е во ред со нејзините гради: Атрибутите на новата сопруга на Канје Вест предизвикаа голем број критики
Само два месеци по официјалниот развод од Ким Кардашијан, раперот Канје Вест се ожени со Бјанка. А она што уште веднаш го привлече вниманието кај оваа девојка беа нејзините атрибути.
Па така беше и овој пат. Вест беше фотографиран со својата нова сопруга неодамна откако излегуваа од еден луксузен холивудски ресторан по вечерата. Она што привлече големо внимание кај папараците но и јавноста е стајлингот на атрактивната русокоса која го превзема местото на најпознатата светска старлетата, Ким Кардашијан.
Бујното деколте на Бјанка која носеше тесен спортски градник кој ништо прикриваше беше во преден план а она што најчесто се коментираше на социјалните мрежи е дали таа има проблем со градите кои се очигледно различни, некои отидоа до таму што и порачаа да го промени пластичниот хирург.
Па наместо таа да изгледа секси, како што веројатно и имала намера, големиот дел ја критикуваа дека изгледа непристојно.
Инаку, Канје се ожени со Бјанка само два месеци по разводот со Ким Кардашијан, од ноември 2020 година. Таа е вработена во неговиот бренд Yeezy, откако дипломираше дизајн на Универзитетот во Мелбурн во Австралија. Раперот и неговиот тим на соработници ја почнаа соработката со неа преку Инстаграм. Како што велат пријателите на Бјанка, таа е многу елегантна и паметна девојка.
И додека Канје ужива во својот нов брак, Ким е сè уште сингл, но подготвена да најде нова љубов.
Фото:Profimedia