„Што?! Од кога сме на Карлеуша?“ Хит видео од Цеца и Јелена ги преплави социјалните мрежи (ВИДЕО)

фото:printscreen/youtube

Овие две пејачки отсекогаш биле интересни за јавноста.

Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша важат за големи ѕвезди во Србија и пошироко, а нивната врска отсекогаш ја интригирала јавноста. Познато е дека двете се во лоши односи, па дури своевремено одеа и на суд, но тоа не ги спречува фановите да прават разни компилации во кои се вмешани и двете.

Кога Цеца ја замени Јелена во „Ѕвездите на Гранд“, се појави видео на кое тие две се заедно во жирито, што насмеа многумина. Сепак, новото хит видео стана уште попопуларно.

Имено, Цеца неодамна коментираше за еден кандидат во „Ѕвездите на Гранд“ од чиј настап во вториот круг била разочарана.

-Се извинувам, дали е тоа Шејла што пееше песна од Карлеуша - прашува Цеца во емисијата, која многумина ја коментираа затоа што ја спомнала својата колешка со која е во кавга, меѓутоа, фановите направија компилација која продолжува со Карлеуша, исто така од една снимка каде вели

- Што?! Од кога сме на Карлеуша?

Погледнете:

View this post on Instagram

A post shared by Filip (@podvarak26)



Карлеуша поразена: Цеца ја доби битката на суд, а вака започна конфликтот меѓу нив