Карлеуша поразена: Цеца ја доби битката на суд, а вака започна конфликтот меѓу нив
Фолк дивата Цеца, ексклузивно за српските медиуми потврди дека го добила спорот со Јелена Карлеуша на суд.
Конфликтот помеѓу двете пејачки трае речиси 20 години.
Додека тужењето трае десетина години, сега судот ја донесе пресудата и Карлеуша треба да ѝ исплати на Цеца парична казна.
Инаку „војната“ меѓу нив започна откако Карлеуша изјави: „Сите ние сме ку*ви“, а по оваа изјава се огласи Аркан, кој тогаш кажа дека, давајќи ја изјавата пејачката била пијана или дрогирана.
Во една емисија тогаш Јелена ги прокоментира неговите зборови:
„Кому му е гајле, ку*ва за искреноста“.
Тогаш започна „војната“ помеѓу Јелена Карлеуша и Цеца.
Тие две на суд за првпат се сретнаа во 2012 година, две години откако Јелена Карлеуша напиша отворено писмо на својот Фејсбук профил, во кое ги навреди Цеца Ражнатовиќ и Аркан, но и ги „поткачи“ тогаш малолетните деца на Цеца, Вељко и Анастасија.
Во 2010 година, Јелена напиша:
„Зарем не беше расипано за вас додека Аркан го плескаше Минимакс, затоа што тој ме бранеше од вас двајцата? Мислам, стоев таму. Вие не се обидовте да го запрете. На ред дојдоа и „Земунците“ и ти на чело на масата, со се идиотскиот шешир. Ги ведреше и облекекуваше - народно кажано - се „ку*чеше“ со тие убијци. Ах, да, немаш ништо со кумот Легија, Звеки, Шиптар ... Фактот што не ти излегуваа од куќата, Боже, имаш право да се дружиш, моја невина“, напиша меѓу другото Јелена.
Потоа, Јелена истакна дека Цеца порачала да се ликвидира поранешното момче на Карлеуша, ѝ ја зеде правдата во свои раце. Ражнатовиќ најави дека правдата ќе ја бара на суд со цел да се заштити себе и семејството.
Цеца и Карлеуша се тотално различни, но сепак имаат нешто заедничко: Моден додаток од 2.300 евра