Што сѐ оперирала Северина: Со помош на пластична хирургија старее обратно, фотографија од пред 30 години го потврдува ова
Северина Вучковиќ
денес има 52 години и тело и лице на најмалку дваесет години помлада девојка.
Самата пејачка не криеше дека лицето го средила со помош на естетска хирургија
Кога ќе слушнат колку години има, многумина велат дека Северина старее обратно. Пејачката со помош на пластична операција го доведе своето лице до совршенство, а се верува дека побарала и помош од хирург за да ѝ ги подигне градите. Сепак, таа имаше мерка и сè ѝ стои како што треба.
„Пејачката никогаш не била задоволна со тоа што нејзиниот нос е голем и дебел според нејзините критериуми. Првпат го оперирала две години по полнолетството. Нејзината мајка не ѝ дозволила пред тоа. Всушност, договорот бил таа да наполни 21 година и потоа да ја изврши интервенцијата. Не можела да чека, па го направила тоа веднаш штом наполнила 20. Сепак, не била задоволна, па по неколку години повторно направила корекцијата. Третиот пат пак направила корекција на носто по породувањето, а пред неколку години ја имаше последната четврта операција. Сето тоа го направила поради стравот дека нејзиниот нос е преголем во споредба со лицето и јаболчниците, кои особено сака да ги истакнува. Сега е задоволна од тоа како изгледа носот“, рекол извор близок на пејачката, пренесува Курир.
Самата пејачка еднаш призна какви естетски корекции направено.
„Застанав на носот, имав проблем со дишењето после операцијата, не претходно. Но, тој е поубав од оној кој го имав од раѓање. Што е така, така е“, изјави пејачката во една прилика за хрватските медиуми.
Но, интернетот памети се‘, па на социјалните мрежи може да се најдат фотографии од хрватската пејачка од пред 30 години на кои е непрепознатлива.
– „Уста, нос, кревање веѓи, очни капаци, заби“ – напишал еден корисник на социјалната мрежа Инстаграм.
-„Изгледаше постаро кога беше помлада. Пластичната хирургија е чудо“ – истакна друг.
Фото: Инстаграм/Youtube - screenshoot