Што се случува додека спиеме?
Сите знаеме дека мозокот создава соништа во текот на ноќта, но можеби ќе бидете изненадени кога ќе дознаете колку всушност сонувате. Секоја ноќ сонувате по речиси 2 часа.
Додека се одмора, телото ги филтрира токсините и ги прочистува оштетените мускули. Овие процеси му дозволуваат на телото и на мозокот да се обноват. Без доволно сон, мозокот не може да ги исфрли токсините. Ова може да доведе до зголемување на невролошкото стареење.
Додека спиеме, температурата на нашето тело се спушта за да го намали согорувањето на калории и ослободувањето на мелатонин. Мелатонинот е хормон којшто игра клучна улога во нашиот биолошки часовник.
Колагенот е протеин којшто ја прави кожата помлада и поздрава, а тој се произведува во поголеми количини во нашето тело додека спиеме. Тој е стимулиран од хормоните за растење кои се ослободуваат додека дремеме. Повисокото ниво на колаген во телото придонесува за поотпорна, помлада и посвежа кожа.