Швајцарско истражување покажува: Визирите се несоодветна заштита од коронавирусот

Добивај вести на Viber

Владата на Швајцарија соопшти дека визирите се несоодветна заштита и доколку некој одлучи да ги носи, тоа треба да биде единствено во комбинација со заштитна маска.

Ваквата одлука доаѓа по сознанијата до кои дошле здравствени работници во швајцарскиот кантон Граубунден кои ја проучувале заразата со корона вирусот кај вработени во хотел дошле до алармантен податок дека сите што се штителе од Ковид-19 со визири се заразиле, а оние пак кои носеле само маска успешно се заштитиле од инфекцијата. 

Според шефот на кантоналното одделение за здравство во Граубунден, Рудолф Леутолд, сите заразени од хотелот ги поврзува само тоа што носеле пластични штитници, односно визири за да ја избегнат заразата со корона вирусот, нагласувајќи дека нема ниту една инфекција кај вработените кои носеле заштитни маски на устата.

Сосема исти став има и д-р. Марина Јамнички која вели дека визирите не само што се помалку ефикасни од маските, туку создаваат и лажно чувство на сигурност кај луѓето што ги носат, заради што смета дека тие треба да се носат само во комбинација со маска.

По ова истражување Владата на Швајцарија размислува да ги промени правилата со кои угостителските работници ќе мора да носат само маски, наместо визири. 


преземено од Фактор.мк