Си ставила крема за сончање, па добила изгореници од втор степен на лицето: Направила грешка за која многумина не знаат!

Добивај вести на Viber

Жената тврди дека има изгореници од втор степен на лицето и сето тоа откако на кожата нанела крема со заштитен фактор со поминат рок!

Колку пати сте нанеле крема за сончање на вашата кожа без да проверите дали има истечен рок на траење? Или уште полошо, видовте дека рокот истече и си помисливте: „Па, што , ништо нема да ми се случи? и уредно се намачкавте ?

Судејќи по примерот на девојката Морган Вакала, последиците можат да бидат опасни! Таа на TikTok објави видео на кое може да се види дека има страшни изгореници на челото, а како што објаснува, тоа се случило откако на лицето нанела крема со заштитен фактор, на кој и истекол рокот.

„Никогаш нема да го заборавам тој поглед што ми го упати докторката“, вели таа во видеото и на сите им порачува: „Не бидете глупави, проверете го рокот на употреба на кремите за сончање“.

Во посебно видео, Морган објасни дека сето тоа се случило во мај минатата година и дека биле потребни две или три недели пред да ѝ се залечат изгорениците на лицето.

„Пораснав на брод и во базен. Никогаш не сум имала проблем со вакви изгореници. Капите се мојот нов најдобар пријател“, рекла девојката.

Во секој случај, нејзиното видео шокираше многумина, кои не знаеја дека нанесувањето на заштитна крема на која и поминал рокот всушност може да ја оштети кожата.



„Истечен рок? Јас сум возрасна личност и првпат го слушам ова“, е еден во морето слични коментари.

Повеќето креми за сончање имаат рок на траење помеѓу две и три години, но најдобро е секогаш да го проверувате датумот напишан на шишето пред употреба. Доколку нема одреден рок на траење, што е многу ретко, тогаш се смета дека кремот има рок на траење од три години од купувањето.

Со користење на крема со заштитен фактор со поминат рок, кожата станува поподложна на штетните УВА и УВБ зраци. УВА зраците го забрзуваат стареењето на кожата и ја оштетуваат, додека УВБ е поопасно и може да доведе до оштетување на ДНК во клетките на кожата, предизвикувајќи изгореници на кожата. Овие зраци се одговорни за повеќето случаи на рак на кожата.

Во коментарите на видеото на оваа девојка, една тиктокерка потврди дека и се случило истото што и на девојката, на еден летен одмор, па сега секоја година купува нова крема.


Детето доби отворени рани и изгореници по лицето од ова овошје: Неутешна мајка со предупредување до родителите (ВИДЕО)

УВ зраците знаат да бидат вистински непријател во лето: Како правилно да се заштитите од сонцето?