Актуелно // Insta вести
Си замина најплодниот ТВ автор во поранешна Југославија: Колегите, пријателите и семејството се збогуваат со легендарниот Синиша Павиќ
92 годишниот Синиша Павиќ замина во легендите. Тој беше еден од најплодните српски телевизиски и филмски сценаристи.
– Татко ми почина во сон од старост на 91 годинa. Не можам да ви кажам ништо повеќе. Би ве замолил да ја почитувате нашата приватност во овој тежок момент – изјавил Владимир за српски „Информер“.
Синиша Павиќ ќе биде запаметен по сценаријата за култните серии: „Подобар живот“, „Среќни луѓе“, „Жежок ветар“, „Дипломци“ … и една од најпознатите серии „Семејно богатство“. А ги напиша и сценарија за култни филмови како: „Отпишаните“, „Тесна кожа“, „Тесна кожа 3“, „Тесна кожа 4“ …
Синиша дипломирал на Правниот факултет во Белград во 1956 година, и важеше за телевизискиот и филмски сценарист, како и истакнат писател.
Фото:Facebook