Силата е во семејството, тоа го докажува и Новак Ѓоковиќ: Еве како изгледа еден слободен ден на тенисеро

Добивај вести на Viber

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ слободниот ден во Монако, пред турнирот Мастерс Монте- Карло го посвети на своето семејство, сопругата Јелена, синот Стефан и ќерката Тара додека изведуваа слободни спортски активности.

Ѓоковиќ треба да ја започне натпреварувачката сезона за 2024 година на Мастерсот во Монте Карло (7-13 април). Ова ќе биде прв турнир за Србинот откако се раздели од неговиот долгогодишниот тренер Горан Иванишевиќ.

Тој сподели видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како четиричленото семејство ужива заедно додека прават обиди за скокови во далечина и се натпреваруваат во трчање меѓу себе на патеката.

- Силата на семејството, како ништо друго - напиша Ѓоковиќ.

Фото: Принтскрин