Силк Роуд Банка АД Скопје потпиша договор за издавање на портфолио гаранција од Гарантен фонд со Развојна Банка на Република Северна Македонија

Добивај вести на Viber

Силк Роуд Банка АД Скопје потпиша Договор за издавање портфолио гаранција од Гарантниот фонд на Развојната банка на Република Северна Македонија, со што се приклучи на државната гарантна шема со која се ставаат на располагање 15 милиони евра во гаранции кон банките и штедилниците за поддршка на развојот на микро, малите и средни компании.

Гарантната шема е дел од економските сетови на мерки донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија заради справување со последиците од КОВИД-19 пандемијата и е дел од Планот за забрзан економски раст на Владата.

Во рамките на оваа портфолио гаранција од Гарантниот фонд, Силк Роуд Банка може да вклучува кредити со поволни каматни стапки за основни и обртни средства наменети за микро, мали и средни компании во доминантна приватна сопственост со максимален износ до 30.750.000 денари. Рокот на отплата е од една до максимум три години (за обртни средства) и осум години (за основни средства), со можност за грејс период до една година.

Гаранцијата за кредити за основни средства може да биде до 50% од износот на главницата на кредитот, додека гаранцијата за кредити за обртни средства може да биде до 80% од износот на главницата на кредитот.

Силк Роуд Банка АД Скопје продолжува да биде сигурен бизнис партнер на економијата, проширувајќи ја постоечката понуда на производи и услуги за правни лица, со цел да го поддржи нивниот раст и развој.


ПР објава