Силк Роуд Банка објави јавна понуда за промена на договорните услови за кредитните производи на физички лица

Силк Роуд Банка АД Скопје на ден 03.04.2020 година на веб страната објави јавна понуда за промена на договорните услови за кредитните производи за население, oбезбедувајќи одложена наплата на обврските за кредитните производи, а со цел ублажување на последиците од пандемијата на COVID-19.

Понудата се однесува на сите физички лица - клиенти на Банката, кои имаат кредити, кредитни картички и/или дозволени пречекорувања кои на 29.02.2020 година се класифицирани во категорија на ризик А, Б или В и немаат статус на нефункционална кредитна изложеност. Банката одобрува одложена наплата на обврските за кредитите (главница, камата и останати обврски кои произлегуваат од одобрениот кредит) со пролонгирање на рокот на отплата и одложена наплата за American Express кредитните картички во период до 6 (шест) месеци, односно до 30.09.2020 година. Банката исто така одобрува и автоматско обновување на одобрениот износ на дозволеното пречекорување, чиј рок на важност истекува до 30.9.2020 година за клиентите кои користат дозволено пречекорување на трансакциската сметка.

Физичките лица клиенти на банката кои се согласни со Понудата, не испраќаат никакво известување до Банката и договорните услови се сметаат за променети во согласност со оваа Понуда на 13.04.2020 година.

Известување по електронски пат на адресата: naseleniecovid19@silkroadbank.com.mk испраќаат исклучиво клиентите  кои  ја одбиваат Понудата,согласно со наведените инструкции во Понудата.

Целосната понуда на банката е достапна на следниов ЛИНК 

Силк Роуд Банка упатува јавен апел сите клиенти кои имаат можност, да продолжат со редовната отплата на своите месечни обврски, согласно претходно договорената динамика. Со тоа сите придонесуваме за економските мерки донесени од страна на банките и државата да имаат целосен ефект за субјектите за кои се наменети.