Силк Роуд Банка прослави 7 години континуиран развој и напредок

Добивај вести на Viber

Силк Роуд Банка влече корени од 30 годишна делотворна приказна и непрекинливо продолжува да се развива во банка која успешно ги следи трендовите во современото банкарство веќе 7 години по ред.

Во круг на соработници, клиенти, пријатели, поддржувачи, претставници од банкарскиот сектор и финансиските институции, секако менаџментот и вработените на компанијата, вчера се одбележа седумгодишното успешно работење на Силк Роуд Банка во хотелот „Дабл Три Хилтон“.

Предводен од искусната ТВ-водителка Елена Најдоски, настанот започна со неколку говори од високо истакнати лица на Банката.

На присутните им се обрати акционерот на банката, г-динот Анис Кан, кој посака топло добредојде на сите присутни, се заблагодари за неизмерната поддршка и посочи дека Силк Роуд Банка продолжува со напорна работа за да обезбеди секогаш квалитетни производи и услуги, но и да изгради бренд со лојален, искусен и професионален тим на вработени подготвени да го совладаат секој нов предизвик.

Публиката имаше можност да погледне и видео на кое беше сублимиран развојниот пат на банкатаод нејзините скромни почетоци во 1993 година, кога беше основана како една од првите приватни банки во земјата под името Кредитна Банка АД Скопје, па сѐ до преземањето на сегашната структура и актуелното име Силк Роуд Банка од страна на Silk Road Capital AG од Швајцарија. Во видеото свое обраќање имаа дел од вработените на Банката, Управниот одбор и долгогодишни задоволни клиенти кои ги споделија нивните најубави искуства за сите овие години.

На присутните гости им се обрати и Благоја Николовски, прв основач и главен акционер на Кредитна банка основана во 1993 година, кој ја објасни идејата за основањето на банката во тоа време. Следуваше обраќање на Игор Димитров, претседател на Управниот одбор и Емил Бухов,член на Управниот одбор, кои се присетија на нивните почетоците во Банката, ги поздравија гостите и воедно им врачија признанија на најдолго вработените лица кои се дел од Банката уште од нејзино основање пред 30 години.

- Се сеќавам на 2019 година, кога почнав да работам во Силк Роуд Банка, веќе беше завршено успешното реструктурирање од 2016, а банката беше консолидирана, стабилизирана и фокусирана кон раст и развој. Принципите кои ги затекнав, а кои и денес остануваат наша трајна вредност се посветената и одговорна работа од сите нас, беспрекорниот однос кон нашите клиенти и постојаното приспособување и подобрување на нашите производи и услуги. Денес, Силк Роуд е стабилна, сигурна и просперитетна банка, со силна репутација и препознатливост на пазарот.– резимираше Игор Димитров.

- Навраќајќи се неколку години наназад, кога се приклучив на тимот на Силк Роуд Банка, она што беше веднаш забележливо, e дека дојдов во клиентски ориентирана динамична банка која нуди целосни решенија преку непосреден ВИП пристап до клиентите. Во годините што доаѓаат, нашиот фокус како тим (вработени и менаџмент) ќе биде кон продолжување на нашата мисија, да бидеме префериран финансиски и советодавен партнер за нашите клиенти, кои практикува највисоки стандарди за корпоративно управување и општествена одговорност – истакна Емил Бухов.

Прославата беше збогатена со пријатна и весела атмосфера, расположено друштво, вкусна храна, прекрасниот звук на оркестарот „Гудачко трио од организацијата Пламенка Трајковска мали камерни состави“ и ведрата ритмична мелодија со латино ритам на „Петар Ренџов со формација за дегустација“.

Од Силк Роуд Банка најавија и нови активности во Македонија со примена на современи банкарски принципи со кои создаваат понуди во кои клиентите се центарот на вниманието. 

пр објава