СИЛВАНА: Значење на името и какви се оние кои го носат

Силвана е женско име со латинско потекло. Значењето на името потекнува од латинскиот „Silvanus“, кој бил антички италијански бог на шумите, стадата и планинските извори, по потекло од „silva“ што значи шума, гора. 

Нумеролошката вредност за името Силвана е 2. Личностите со ова име се нежни и мирни по природа. Тие имаат смирувачки ефект врз околината и секогаш се полни со зборови на утеха за другите. Оваа бројка најмногу носи успех во приватниот живот.