Симболика на боите - што означуваат?
Црвената е бојата на огнот и на крвта, а воедно асоцира на енергија, војна, опасност, сила, моќ, одлучност, страст, копнеж и љубов.
Црвената е емотивно интензивна боја. Таа го забрзува човечкиот метаболизам и дишењето и го зголемува крвниот притисок. Таа има голема видливост, па токму затоа сообраќајните знаци, семафорите и противпожарните апарати ја имаат токму оваа боја.
Зелената е боја на природата. Таа симболизира раст, хармонија, свежина и плодност. Зелената има силна емоционална кореспонденција со сигурноста. Темно-зелената, многу често се поврзува со пари.
Портокаловата се поврзува со радост, сонце и тропски предели. Портокаловата боја претставува ентузијазам, фасцинација, среќа, креативност, решителност, атракција, успех, охрабрување и поттикнување.
Виолетовата боја симболизира моќ, благородност, луксуз и амбиција. Таа претставува богатство и екстраваганција. Виолетовата е поврзана со мудроста, достоинството, независноста, креативноста, мистеријата и магијата.
Жолтата боја обезбедува чувство на топлина, чувство на бодрење, ја стимулира менталната активност и создава мускулна енергија. Таа често се поврзува со храната. Светлата, чисто-жолта боја е предизвикувач на внимание, поради што и такси возилата во многу земји од светот се бојадисани со таа боја.
Сината е боја на небото и морето. Таа асоцира на длабочина и стабилност. Оваа боја симболизира доверба, лојалност, мудрост, самодоверба, интелигенција, вера, вистина и рај. Сината се смета како корисна за телото и умот.
Белата боја се поврзува со светлината, добрината, невиноста, чистотата и се смета за бојата на совршенството. Оваа боја обично има позитивна конотација. Таа може да претставува успешен почеток.
Црната боја значи моќ, елеганција, формалност, мистерија. Црната е мистериозна боја која асоцира на страв и непознато. Таа вообичаено има негативна конотација. Црната боја се смета за многу формална, елегантна и престижна боја.