Син ми заспа и никогаш не се разбуди, барем не се мачеше: Актерот Жика Тодоровиќ за загубата на детето

Добивај вести на Viber

Прославениот актер Срѓан Жика Тодоровиќ отворено ја раскажа тешката животна приказна и прифаќање на две големи загуби во неговото семејството. 

Неговиот син почина само три години по смртта на татко му, и сето тоа остави последици врз него, од кои сè уште тешко се опоравува.

Загубата на дете е необјаснива болка, а Жика и неговата сопруга бараат начин да продолжат понатаму.

- Откако ни се случи тоа со Деки, го изгубив апетитот поради депресија. И јас и мојата Ана. Слабеев затоа што не можев да јадам. И двајцата размислувавме за друго дете, но... Никогаш не сум се чувствувал полошо во животот. Го чувствувам како дупка во душата која е незаменлива. Сите ми велат: „Треба да продолжите, мора да имате уште едно дете“. И тогаш размислуваме, но започна пандемијата со ковид... Човек не знае што да прави кога нешто вакво ќе му се случи.

Не познавам некој на кого му се случило такво нешто. Баш во моментот кога тој започна да зборува на многу теми со мене, кога воспоставувавме врска татко-син, започнавме да зборуваме за сè, па со неговите прашања „зошто тато ова и зошто тоа“ - тогаш се случи тоа. Повторно мислам, има полошо - да беше постар, сè ќе беше потешко можеби. Или барем тоа - заспа и никогаш не се разбуди, барем не страдаше, не се мачеше… - рече, меѓу другото, Срѓан Жика Тодоровиќ за смртта на синчето

Тригодишниот Дејан, син на славниот српски актер Жика Тодоровиќ (52) и неговата сопруга Ана, ненадејно почина една ноќ во Белград од синдром на ненадејна смрт кај децата. Дејан имал само три годинки.
Парот синчето го доби по 12 години борба за потомство, но за жал во 2017 година, детето почина. 

Тој за новинарите на Нова.рс изјави дека неговиот татко, славниот Бора Тодоровиќ, многу му значел во животот и кариерата, дека му бил најдобриот пријател и дека без него тој никогаш немаше да стане актер.

- Секогаш ми фали. За секоја тешка улога, најпрво го читав текстот, потоа му го давав нему, а потоа тој ми даваше совети. Тоа беа првите 20 години, а кога пораснав доволно за да бидам актер, тој го читаше секое сценарио што сум го играл претходно. Да не беше тој, никогаш немаше да станам актер. Додека бев во војска во Мостар, тој постојано доаѓаше да ме посетува.

Кога завршив по шест месеци, тој дојде кај мене и ми донесе текст што го играше Драган Николиќ во подрумот „Ателје“ и ми рече да научам најдобро што можам, да не се срамам од мастурбација и сперма. Тие беа фасцинирани од тоа како одиграв, иако стануваше збор за мастурбација - вели Жика.

Неговата мајка е срцев болесник и спаѓа во ризичната група, па поради коронавирусот, тој не смее да ги изразува своите емоции кон неа со гушкање и бакнување.

- Мајка ми има 79 години, а неодамна имаше и срцев удар. Одам кај неа со маска. Таа ми приоѓа и јас велам: „Бегај од мене, дали си нормална?“ Во срцето ѝ е вграден стент и од тој срцев удар спаѓа во ризичната група на срцеви пациенти. Сè додека ковидот владее, морам да внимавам кога одам кај неа. Без бакнување и гушкање. 

извор:zenskikutak.rs