Актуелно // Insta вести
Синчето на Марија Петровска направи 6 месеци: Поранешната водителка објави фотографии за спомен
- 03 Октомври, 2023
По 13 годни врска и 7 години заеднички живот, поранешната новинарка и водителка на „Бекстејџ“, денес ужива во улогата на мајка
Имено таа и нејзиниот мартнер Михаил Сказа пред точно шест месеци станаа родители на момчето кое го доби името Домен.
По поводот што половина година се тричлено семејство, Марија која сега живее во Словенија објави низа фотографии од наследникот, за кои напиша: „Да те гледаме како растеш и истражуваш светот околку тебе е најголемиот благослов.“.