Синот на актерот Кирил Трајковски слави роденден: Полни една годинка (ФОТО)

Минатата 2021 година на големиот христијански празник Воведението на Пресвета Богородица, или позната меѓу народот како Света Пречиста или Дева Марија, актерот Кирил Трајковски доби трето дете, му се роди син.

Малиот Симон денес слави роденден, а по тој повод актерот кој на јавноста и е познат најмногу по македонските приказни сподели фотографија од него и син му, а под објавата му го честиташе роденденот.

„Среќен роденден Симон, да си жив и здрав“, напиша актерот.


Инаку, тој неколку години е во брак со убавата Ирена. А Кирил освен со актерство, се занимава со музика и режија.


Фото: Фејсбук - Кирил Трајковски/архива - Женски магазин