Синот на Дани во самоизолација: Лазар вели дека ќе помине, само да истраеме

Синот на пејачката Дани Димитровска, веќе три недели е во самоизолација. Лазар има 19 години и неодамна се врати од Холандија.   

„Син ми студира во Холандија бизнис и софтвер и одлично му оди. Се врати од таму со редовна авионска линија многу пред да се затворат границите. Уредно се пријави и се  самоизолира. 21 ден помина до сега. Учи, полага онлајн и не се жали на ситуацијава. Храна му оставаме пред врата“, вели Дани и додава дека е горда на својот син.

„ Одговорноста му е на високо ниво, што ме прави мирна и опуштена.. Времето за себе (за кое вели дека му е во прилог) го користи за учење. Наоѓаме забава во видео повиците кога се труди да пушти машина за перење. Самиот вели дека сè ова ќе помине, само да истраеме. Има 19 години и некогаш ми е учител“, ни рече Дани. Во претходен разговор, таа за Женски магазин раскажа дека во овој период, игра онлајн „Налути се човече“ со синот.

„ Се чувствувам здраво, ги следам сите препораки, загрижена сум но паничарството не ми е во крв. Купувам храна на два дена. Се грижам за комшиите и гледам да делувам насмеано. Се ставив на пишување. Започнав со прибележување на мисли и премина во едночасовна занимација во ден. Готвам повремено што не е честа појава. Вестите ми се во центарот на вниманието. Вежбам во пижами, пеам при енергични напади, пресадувам лански цвеќиња и си признав дека ја потценив вредноста на една тераса во стан. Смирено другари со одговорност за себе и останатите! Ќе преживееме но ај и да извлечеме лекции за единството и човекољубието. Чувајте се“, порача Дани.

М.Џаровска